ЛУКАРЕВСКА : НИЗ АРГУМЕНТИРАНА ЕДБАТА ВО СОБРАНИЕТО ДА СЕ УСВОЈАТ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ И ДА ЈА РЕАЛИЗИРАМЕ СТРАТЕШКАТА ЦЕЛ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

0
404

Уставните измени треба да бидат усвоени од сите пратеници кои и мислат добро на оваа држава, порача заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во интервју за Телевизија 21.
Лукаревска истакна дека ако некој смета дека не треба да гласа за уставните измени, тогаш тој не и мисли добро на државата и ризикуваме повторно да влеземе во изолација.
„Оваа шанса што ја имаме е една и единствена. Сметам дека поголемиот број пратеници во собранието ја гледаат европската перспектива како вистинската, најдобра перспектива за државата и за граѓаните. Ние многу пати и претходно и минатата година кога го почнавме овој процес со нашите сериозни намери, зборувавме дека работиме забрзано но не избрзано. Тоа е и така. Затоа не брзавме во сите овие чекори кои ги правевме изминатиот период. Сите средби, состаноци и пораки ги слушнавме навистина многу внимателно, меѓутоа и опозицијата би требало да ги слушне многу внимателно сите пораки кои што ги испраќа меѓународниот фактор.
Ме загрижува онаа изјава која ја слушнавме викендов, дека доколку ние не ја искористиме оваа шанса ќе не разделат од Албанија, така што Албанија ќе оди напред а ние ќе тапкаме во место или пак можеби уште полошо да се вратиме назад. Затоа сметам дека од утре па натаму во собранието треба да дискутираме со аргументи, треба да ги соочиме аргументите ЗА и Против и власта и опозицијата и заеднички да и овозможиме на оваа држава прогрес и просперитет. Само со политика на компромиси може да го изодиме овој процес заеднички. Што доколку не успеат уставните измени? Мислам дека повторно се враќаме назад, тоа е  најточниот одговор на ова прашање. Затоа собраниската „арена“ треба да биде можност за да се разменат аргументите“ посочи Лукаревска.
Заменик претседателката порача дека СДСМ постојано е на терен меѓу граѓаните, потврда за тоа се и над 900 средби од активноста „Рамо до рамо до победа“, десеттината организирани тематски трибини и најави нови партиски активности во периодот по завршување на летните одмори.
Во однос на евентуални предвремени избори, Лукаревска истакна дека треба прво да се завршат домашните задачи и дека парламентарните избори ќе се спроведат следната година по редовните претседателски избори и дека и во двата изборни процеси, СДСМ ќе биде партијата која што ќе победи.