(ВИДЕО) Шилегов: Во Агенцијата за вработување се работи на црно, ова ли е Македонија вработува?

0
1276

Се наоѓаме пред Агенцијата за вработување. Агенција којашто треба да вработува граѓани. Е во неа работат непријавени работници!  Еве го ревизорскиот извештај! Во него стои дека Агенцијата за вработување ангажирала работници, хигиеничари и портир без да склучи договори со нив како што наложува Законот за работни односи или договори за услуга како што е предвидено со Законот за агенциите за привремени вработувања. Ваков ли е наводниот проект „Македонија вработува“ на обвинетиот Никола Груевски, што го спроведува власта токму преку оваа Агенција, праша денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Ако Агенцијата за вработувања ангажира работници „на црно“, што се случува во другите државни институции?! Што се случува во другите правни субјекти? Кадрите на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги раководат институциите противзаконски и ги кршат работничките права! Токму ваква опасна порака до другите работодавци испраќа Агенцијата за вработување дека е дозволиво да имаат непријавени работници!

Државниот инспекторат за труд е должен веднаш да постапи по наодите содржани во овој ревизорки извештај. На непријавените работници веднаш да им бидат обезбедени договори за работа и пензиско, социјално и здравствено осигурување! Агенцијата за вработување да понесе одговорност. Со ова се потврдува дека „Македонија вработува“ на Груевски е чиста фарса и дека власта и Груевски најсурово и најнеодговорно си поигруваат со најзагрозените граѓани кои работат за парче леб. Но времето на фарси поминува! Времето на манипулации со животите на граѓаните поминува! После 11-ти декември доаѓаат промените“, изјави портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов – рече Шилегов.