ОД БИХАЌКА УШТЕ РАНО САБАЈЛЕ РАСПАЛИЈА СО БОЕВА МУНИЦИЈА : Антиевропското ВМРО-ДПМНЕ е против својата држава, со Мицкоски на чело се радуваат на постапката на Бугарија

0
931

ВМРО-ДПМНЕ никогаш ништо не направи за напредок на евро-атланскиот пат на на државата.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски го прави токму спротивното. Нивните позиции и дејства се спротивни на НАТО, на ЕУ, на интересите на државата и граѓаните.

Во 11 годишното криминално владеење, ВМРО-ДПМНЕ свесно ја држеше  државата заглавена во изолација, во последните три години како опозиција антиевропското ДПМНЕ прави се за да ги закочи реформите, за да го спречи напредокот, за да ја блокира интеграцијата во НАТО и ЕУ и тие се единствените кои се радуваат на постапката на Бугарија.

ВМРО ДПМНЕ и губитникот Мицкоски нема да успеат во обидите да внесат раздор кај македонскиот народ и поделби меѓу граѓаните.

СДСМ се грижи за националните и државни интереси. Продолжуваат реформите, истовремено и борбата и грижата за националните интереси продолжуваат, како и напорите за отворање на пристапните преговори во 2020 година.

Колку и да не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните јасно кажаа дека се за ЕУ и патот на нашата држава е европски.