ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД СПОМЕНИКОТ НА БОРИС ТРАЈКОВСКИ ВО МОСТАР КАДЕ ПРЕД 17 ГОДИНИ ЗАГИНА ВО АВИОНСКА НЕСРЕЌА

0
908

Денеска во Мостар, оддаваме почит и чест на ликот и делото на Претседателот Борис Трајковски!

По 17 години од смртта на Претседателот Трајковски, неговите заложби и вредности за мир, единство, за интегритет, за европска држава, се сѐ уште свежи.

Секогаш ќе го паметиме како човек кој имаше визија за успешна татковина, реформатор и миротворец.

Ги исполнуваме неговите залагања за стратешките цели на државата.

Северна Македонија стана 30-та земја членка на НАТО. Го трасиравме патот и на чекор сме до влез во Европската унија. Нашата држава е пример во регионот за единство, соживот и мир.

И денеска овде во Мостар, на неговото спомен обележје, ги споменуваме неговите заложби. Го потврдуваме големото пријателство помеѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина, и ја испраќаме пораката за меѓусебна соработка, меѓуетничка толеранција, мир спокојство и стабилност.