650.000 ЕВРА СЕ СЛЕАЛЕ ВО БУЏЕТОТ ОД КОНФИСКУВАН ИМОТ ЗА 4 МЕСЕЦИ – СКЛАДИШТАТА СЕ ПРЕПОЛНИ СО ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА ОД КОИ НИКОЈ НЕМА ФАЈДЕ

0
663
Од март до јули годинава во државниот буџет биле префрлени 650 000 евра врз основа на правосилни судски одлуки, конфискација на парични средства и продажба на одземен имот, соопшти Дритон Небиу, директор на Агенцијата за управување со одеземен имот.

Можеби ќе ве интересира

„Во државниот буџет се префрлени 40 милиони денари, или 650 000 евра. Потребен е нов Закон за управуање со одземен имот за што веќе е разговарано со министерот за правда Кренар Лога. Наш најголем проблем е тоа што складиштата ни се преполни со хаварисани возила стари и по 30 години и се неупотребливи“, вели Небиу.