На градоначалникот од Куманово, Максим Димитриевски му текна брилијантна идеја како да го заштеди општинскиот буџет од тужби на граѓани кои поради претрпена физичка повреда поради подмрзнатите површини би ја тужеле општината но и да ги заштити и самите граѓани од скршеници и други видови на физички повреди.
Максо во Куманово осојните површини ги попрскал со ICE-MELT средство против подмрзнување на тротоарите и плоштадите за безбеден пристап на граѓаните до институциите и банките со што драстични би се намалиле физичките повреди на граѓаните доколку некој се лизне на подмрзната површина и се здобие со физичка повреда како скршеница, набиеница или модрина.
Навистина брилијантно решение на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.