СКАНДАЛ: Раководител во општина Карпош ќарува од фиктивни школски огради

0
1610

Нови криминални скандали излегуваат од општина Карпош предводени од раководителот на секторот за поддршка на градоначалникот, Петар Теов, ексклузивно дознава Centarnews.

Станува збор за криминал со ковано железо, односно огради наменети за училиштата во општина Карпош кои не се поставени, а за кои општината платила „дебело“. За иронијата да биде поголема, шефот на кабинет Петар Теов си го насочил кованото железо за неговиот стан, каде се поставува на неговите прозори.

Фирмата Мастив добро позната низ општината како фирмата на Спасе, се јавува како изведувач на работите. Сепак според информациите скандалот не застанува тука, па Петар Теов си овозможил од остатокот со железото да си ги дополни своите џебови со кеш пари. Целата операција е со амин од градоначалникот Стевчо Јакимовски и криминалниот заменик министер за локална самоуправа Љупчо Пренџов. Дека раководителот Петар Теов и останатите се вклучени и во други криминални зделки објавивме уште во декември 2015-та година (ЛИНК ТУКА) 

Името на раководителот Петар Теов се јавува и како донатор во кампањата за локалните избори за градоначалникот Стевчо Јакимовски. Фактот дека скоро сите донатори сега се вработени во општина Карпош, а помеѓу нив и архитекти кои добиваат тендери за реконструкција на згради и плоштади во општината Карпош. Освен раководителите, во кампањата донирале и други вработени во општината, како секратарот на општината, референти од месните заедници и други. Слични профили на донатори, односно вработени во администрацијата веќе со години се јавуваат и во извештаите на ВМРО ДПМНЕ.

Извор: ЦентарЊуз