СИРЕНИТЕ ПОВТОРНО СЕ ОГЛАСИЈА ВО КОСОВСКА МИТРОВИЦА, СРБИТЕ СЕ СОБИРААТ ВО ЗВЕЧАН

0
436

Во северниот дел на Косовска Митровица повторно се огласиле сирените, а како што јавуваат локалните медиуми причина за новата тревога е апсењето на Србин, поранешен припадник на косовската полиција.

Како што јави агенцијата Бета, во тек е собир на вработени во институциите во Звечан.

Телевизијата Н1 јави дека неколку патни правци се блокирани на подрачјето на општините Звечан и Лепосавиќ.

Претходно беше најавено дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва во 19 часот ќе им се обрати на граѓаните во врска со последните инциденти на северот на Косово.