Судска пресуда : „Инфомакс“ го наклеветил Маричиќ со објавата дека зел пари за Преспанскиот договор

0
871

Советникот во владата за евроатлански интеграции, Бојан Маричиќ, ја доби правната битка со порталот „Инфомакс“, во врска со обвинувањата на медиумот дека Маричиќ зел пари за учество во преговорите за постигнување на Преспанскиот договор.

„Денес добив пресуда во која се утврдува дека Инфомакс изнесува невистини за мене и моето семејство и со тоа ги нарушил моите углед и чест. Пресудата утврдува дека ме наклеветиле кога изнеле невистина дека сум добил пари за учество во преговорите за Договорот од Преспа од кои сум купил ексклузивен плац во Дебар Маало. Овие лаги повеќе пати се повторени на повеќе медиуми блиски до опозицијата. Денес тој балон пукна, а јавноста има можност да види кој пласира штетни лажни вести и кој е едниот од начините за справување со овој феномен“, напиша Маричиќ на фејсбук.

Притоа, тој ја објави и пресудата од надлежниот граѓански суд, кој пресудил дека „Инфомакс“ го наклеветил Маричиќ преку изнесени невистини, поради што се задолжи правното лице на тужителот да му исплати оштета во висина од 50 илјади денари.