Mицкоски во интервју за новинарот Дестан Јонузи во 2020 за Kоха на прашање за евентуално бришење од Уставот на квотата 20 отсто Албански јазик е категоричен дека тоа треба да се избрише од Уставот, притоа нагласувајќи дека и нему му пречат бројки и квоти, односно експлицитно е против такви формулации.
Денес, кога при отварање на преамбулата за да се внесат бугарите и други народи кои живеат во Македонија, албански политички партии го реактуелизираа истото прашање, лидерот на ВМРО ДПМНЕ го смени ставот и дури обвинува дека комисијата што работи на предлог уставните измени, според негови информации, подготвувала бришење на 20 насто албанци што зборуваат на својот јазик, односно дека СДСМ и ДУИ се договориле државата да ја прават бинационална држава на македонскиот и албанскиот народ. Ова негово тврдење, кое внесува немир кај граѓаните, го демантираа и комисијата и премиерот Ковачески. Сеедно, Мицкоски и неговата партија продолжуваат со оваа манипулација.