Сугарески: Груевски и послушниците се исплашија од првата Надзорна за поплавите и затоа бегаат

0
870

Изјава за медиуми на Горан Сугарески, координатор на пратеничка група на СДСМ и опозицијата:

Обвинетиот Никола Груевски и неговите послушници се исплашија од првата седница на Надзорната комисија за поплавите пред 11 дена, видоа дека вистината за нивната одговорност ќе исплива на површина, и од тогаш прават се за да не продолжи.

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ не сака никогаш да се одржи надзорната расправа бидејќи не сака јавноста да ја дознае вистината. Токму затоа губи време обидувајќи се да ја смени досегашната прaктика за одржување надзорни расправи, во очекување дека ќе помине времето и ќе се распушти Парламентот, па ќе избегнат одговорност.

Надзорната расправа мора да продолжи со работа. Обвинетиот Груевски и неговите послушници мора да се појават и да одговорат како се случи во 21-от век да загинат најмалку 23 лица, меѓу кои и бебиња, поради немање канализација и неисчистени канали!

Тие ќе мора да ги објаснат сите пропусти во нивното 10 годишно владеење, што однесоа и човечки животи.

На обвинетиот Груевски, како и на Никола Тодоров, Коце Трајановски, Тони Трајковски, Михаил Цветков, Владо Мисајловски, Зоран Јолевски, Митко Чавков, Жарко Караџовски, Оливер Ромески, Шабан Салиу, Ромео Тренов, Сузана Салиу, да им биде јасно – се појавиле на надзорната или не, одговорност ќе има!

По промените на 11-ти декември Македонија ќе добие одговорни, чесни и ефикасни институции кои ќе се грижат за граѓаните, а не за сопствените џебови.