ГРАЃАНСКИ ОБВРЗНИЦИ: ПРИДОБИВКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ И ЕКОНОМИЈАТА

0
689

27 мај 2023, Скопје – Следниот месец домашниот пазар на хартии од вредност ќе се збогати со нов инструмент – граѓанските обврзници. Навистина ме радува фактот што оваа вест во текот на изминатата недела предизвика големо внимание во јавноста, оттаму оваа колумна ја посветив на оваа тема, но и намерите за развој на пазарот на капитал во земјава.

Граѓанските обврзници се долгорочни државни хартии од вредност наменети за граѓаните, кои имаат за цел да ја поттикнат инвестициската активност кај граѓаните, да влијаат на понатамошно развивање на пазарот на капитал во земјава и последно, но најважно – да им донесат приноси на имателите. Исто така, граѓаните ќе можат да ги инвестираат своите готовински заштеди во граѓанската обврзница, со што преку банкарскиот систем ќе се мобилизира, односно ќе се намали готовината во оптек, што е еден од начините за сузбивање на сивата економија и тоа со целосно почитување на постојните законски прописи и меѓународните стандарди за заштита од перење на пари.

Придобивките се повеќекратни, како за економијата, така и за граѓаните – особено за нив, бидејќи во време на висока инфлација, тие ќе ја заштитат вредноста на своите пари, преку солидна камата која ќе ја добијат од државата. Држaвните хартии од вредност се сметаат за безризични финансиски инструменти, односно кај инвеститорите се познати како најсигурни инвестиции. Рочноста на овие хартии од вредност ќе биде на две години, a минималниот износ за инвестирање ќе биде 10.000 денари, додека каматната стапка дополнително ќе се утврди, соодветно на финансиските пазарни услови.

Издавањето на Граѓанската обврзница е повеќегодишна, стратешка одлука