Кривичниот суд денеска донесе одлука со која го одби предлогот за притвор за началникот на 5-та Управа, Горан Грујовски.
СЈО ја бараше оваа мерка по втор пат, откако Иванов ја повлече аболицијата.
Судот ги одби и мерките на останатите осомничени од предметот „Тврдина“, што значи нема да и биде одземен пасошот на поранешната министерка Гордана Јанкулоска и началниците опфатени во истиот предмет со уништувањето на опремата со која било извршено нелегалното прислушување.
Во меѓувреме, МВР не одговара дали правната служба има донесено некакви решенија за суспендирање на началникот на 5-та управа Грујевски и командантот на Алфите Ивица Анчевски-Пуки.
И покрај одбиените предлози од судот, тие се уште се осомничени во различни истраги на Специјалното обвинителство.
Грујевски е првоосомничен дека го извршил уништувањето на системите за прислушување, а Анчевски за Тортурата која му била извршена на Љубе Бошкоски при неговото апсење.
Извор: 24вести