ОГНЕН ЈАНЕСКИ РАСПАЛИ ПО ТОА ЛОПУЖИТЕ ОД ДИК : ВИЕ СТЕ ЛУЃЕ БЕЗ ГРАМ ЕТИКА И МОРАЛ ШТО ТРЕБА ВЕДНАШ ДА СЕ ПОВЛЕЧАТ!!!

0
2661

19 години работам професија која нема празници, делници, болест, нечија смрт, родендени, мекици и разни чудесии. Работиш со температури, со фрактури, со сипаници, со ларингит, стомачни тегоби, забоболки, со депресии тешки… Не смееш да си среќен кога си, а општеството е во тага. Не смееш да си тажен кога си, а општеството се радува.
А сепак си човек. Но, имаш етика. И морал.
Целиот професионален и аматерски работен век ми е посветен на обврски кои немаат работно време. Работи кои не те враќаат дома во 16/17 часот, кои не те стануваат во 8 наутро. Пропушташ родендени, свадби, погреби, среќа и тага. Некогаш седиш дома по пижами, и во 2 часот по полноќ те извикува снимателот дека во Куманово избегал некој од притворените од Диво Насеље, се облекуваш, земаш ранчето за итни патувања и шибаш. До кога? Не знаеш. Бегаш од специјалните единици. Се криеш по грмушки, во непознат град.
Седиш на бензинска со друштво на кафе, во глуп ден, и на полноќ ти праќаат фотки од пукање во возење и сообраќајка. Го бараш снимателот, ги стануваш колегата од портал и главниот уредник, и до 5 сабајле те чекаат да се вратиш дома, а не знаат што правиш зашто немаш време да се јавиш. Одиш по полиции, болници, пожарни. Од секаде те избегнуваат како да си лепрозен. Се враќаш скапан, и стануваш повторно рано, за да напишеш извештај.
Известуваш за ЕУ од Атина, од протести, па со колешката ви плеснуваат солзавец зашто само на македонските новинари не им даваат гас-маски од грчката полиција и не ги штитат. Тоа е, тераш понатаму. Одвај.
Одиш на работа, мислејќи дека ќе имаш 40-минутна емисија, а тоа се претвора во 4-часовна програма, на 27-ми април, каде одговорноста за несоздавање граѓанска војна преку медиум ти ги корне плеќите, додека се обидуваш да имаш покер-фаца дека се’ е во ред, а добиваш пораки дека некој “загинал” (среќа не бил), па ги слушаш колешките во живо дека пукнал пиштол и се губи врската во живо – почнуваш да гризеш образи од страв, ѕвониш по министри и пратеници, а тие ти праќаат пораки дека се кријат во темниците, откако виделе крв насекаде! Стресна работа? Глупости. “Мачкина кашлица”!

Но, сум ја прифатил. Сум си ја одбрал. И не се жалам за неа. И бонусите се како детелинка со четири листа “чести”. Па просто и да ги нема. Среќа е да ти исплатат варијабили за празници.

Ми велат: “Како ги издржуваш? Па треба бенефициран стаж да добиваш!”
Им велам: “Тоа ми е работа. Како службеници во банка на шалтер издржуваат? Јас тоа не би работел.” – и затоа тоа не работам.
Минимум два пати сум одбил да работам “мирна” државна и административна работа. Еднаш – одамна, пробав. Се повлеков. Не беше Огнен роден за тија пусти бенефиции.

И ДИКовските членови се жалат на стрес и прекувремена работа? Та пиштол ли им ставиле на слепоочницата да го работат тоа? Та ги ставиле на менгеме што прифатиле? На сила ли се поставени за членови?

Проблем се нивните морал и етика, во услови на економски отепана држава и сиромав народ.
Уште поголем проблем е таа одредба која законски дозволува такви чекори на себе-наградување.

Да се повлече одредбата. Законски да се измени тоа!
И целото членство сосе претседателот на ДИК да си се повлечат од функциите.

Фејсбук статус на новинарот Огнен Јанески