Сваровски судството на Грујо и бате Саше не одреди притвор за Горан Грујoвски и не и го одзема пасошот на Јанкуловска

0
1005

Кривичниот суд денеска донесе одлука со која го одби предлогот за  притвор  за началникот на 5-та Управа, Горан Грујовски.

osnoven_sud_skopje_1_2_1-670x417

СЈО ја бараше оваа мерка по втор пат, откако Иванов ја повлече аболицијата.

Судот ги одби и мерките на останатите осомничени од предметот „Тврдина“, што значи нема да и биде одземен пасошот на поранешната министерка Гордана Јанкулоска и началниците опфатени во истиот предмет со уништувањето на опремата со која било извршено нелегалното прислушување.

Во меѓувреме, МВР не одговара дали правната служба има донесено некакви решенија за суспендирање на началникот на 5-та управа Грујевски и командантот на Алфите Ивица Анчевски-Пуки.

И покрај одбиените предлози од судот, тие се уште се осомничени во различни истраги на Специјалното обвинителство.

Грујевски  е првоосомничен дека го извршил уништувањето на системите за прислушување, а Анчевски за Тортурата која му била извршена на Љубе Бошкоски при неговото апсење.

Извор: 24вести