БИТИЌИ : РАЗБИРЛИВ Е ПРИТИСОКОТ КОН СУДСТВОТО И ОБВИНИТЕЛСТВО, МОРА ДА СЕ ПОСТАПУВА И ДА СЕ ИСПОРАЧААТ РЕЗУЛТАТИ

0
528
Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за Канал 5 телевизија истакна дека притисокот кон судството и обвинителството е разбирлив.
-Веројатно притисокот е толку голем во овој момент кон Обвинителстгвото и судството, да почнат да постапуваат, да постапуваат и кон други предмети. Случајот Феникс е веројатно последица на таквиот притисок, шест години се чувало, требало да се спреми, се е тоа во ред, понатаму гледам денеска имаше одредени исходи од одредени судови, рече Битиќи.
Значи мора да има  доволно притисок на сите страни за да конечно се повикат сите дека мора да се постапува и да се испорачаат резултати, порача потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи во интервју за Канал 5 телевизија.