МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ ВО ДНЕВНИКОТ НА ТВ СИТЕЛ : КОГА ЌЕ ЗБОРУВА ЗА НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ, ТРЕБА ДА СЕ ГЛЕДА ИНТЕРЕСОТ НА ДРЖАВАТА И ГРАЃАНИТЕ

0
443
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во гостувањето на ТВ Сител, на прашањето за очекувањата околу уставните измени, истакна дека ова е клучниот политички момент не само за исчекорувањето во евроатланските процеси на Република Северна Македонија, туку генерално на целиот регион.
„Мислам дека сега одредени состојби, геостратешките политики и испреплетувањето на интересите, од една страна покажаа дека Европа не може да биде целосно консолидирана доколку земјите од Западен Балкан не бидат дел од Европската Унија и тоа создаде еден поголем интерес за интеграција на Република Северна Македонија и на државите од регионот генерално и мислам дека тој момент мора да биде искористен.

А за да биде искористен не треба само декларативни изјави и кажувања за тоа што ние сакаме и посакуваме како политички водства и генерално политички партии, туку тоа треба да го покажеме пред граѓаните. Мислам дека кога се зборува за национални интереси, а еден од клучните национални интереси е Република Северна Македонија да биде дел од европското семејство тука нема ниту политика ниту политиканство, тука треба да се гледа интересот на државата и на граѓаните“, истакна Спасовски.