ОХРИД РАБОТИ НА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ОД УНЕСКО СО ПОМОШ НА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ, ЗАЕВ: РАСЧИСТЕНИ СЕ ПЛАЖИТЕ И ОТСТРАНЕТИ СЕ НЕЛЕГАЛНИТЕ ПЛАТФОРМИ

0
735
“Општина Охрид е сериозно посветена во исполнување на препораките на УНЕСКО. Со поддршка на надлежните институции од централната власт, ги спроведоа обврските за отстранување на бесправните градби на плажите.
Интензивно се чистат и уредуваат плажите и се врши ревитализација на просторот:
Целосно се расчистени плажите од Пештани до хотел Метропол;
Отстранети се нелегалните платформи, постаменти и ѕидови од најразлични градежни материјали;
Откриени и отстранети се голем број нелегални одводни цевки и јами од кои се влевале отпадни води директно во Охридското Езеро.
Продолжуваме неуморно да работиме за интересите на Охрид како културен и туристички центар и да го зачуваме непроценливото богатство за идните генерации.”
– ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ