Сети се снао
Деновиве прочитав два зајадливи коментари од две колешки против професорката д-р Ана Чупеска. Беа сосема без врска -демек таа заговарала амнестија за сметка на одземање на имотот на веќе осудени ВИП личности! Не, тоа (амнестијата) не е споменато никаде бидејкќи таа сосема прецизно знае да разликува некои круцијални поими. По нејзиниот кус коментар со цели говори на темата се јавија и претседателот на државата во интервју за Цивилмедија и премиерот во два наврати по повод празникот и мислам дека е добро објаснето во што е разликата меѓу амнестијата и намалување на казните со зголемената (олеснета можност) за одземање на имотот на „крупните зверки“ во правосудниот процес.
Онака како што тие колешки ги внесоа елементите на иронијата во ретортите на нивната лабораторија ќе излезе дека тие посакуваат да повредат некого во стилот „сети се снао“, демек да не одат кон некого повисоко и со поголема одговорност. Или ќе да е заради нејзиното учество во работата на телото кое го изготви предлогот за измена на Уставот, што наскоро, се надевам дека ќе го изгласа и власта и опозицијата (целосно или преку свои претставници – парламентарци).