КОСТОВСКИ ДО ИРЛ : ДЕНОВИВЕ ПРОЧИТАВ ДВА ЗАЈАДЛИВИ КОМЕНТАРИ ОД ДВЕ КОЛЕШКИ ПРОТИВ ПРОФЕСОРКАТА ЧУПЕСКА КАДЕ ВО НИВ ЛАЖАТ ДЕКА ТАА ЗАГОВАРАЛА АМНЕСТИЈА ЗА ОСУДЕНИ ВИП ЛИЧНОСТИ!

0
564

Сети се снао

Деновиве прочитав два зајадливи коментари од две колешки против професорката д-р Ана Чупеска. Беа сосема без врска -демек таа заговарала амнестија за сметка на одземање на имотот на веќе осудени ВИП личности! Не, тоа (амнестијата) не е споменато никаде бидејкќи таа сосема прецизно знае да разликува некои круцијални поими. По нејзиниот кус коментар со цели говори на темата се јавија и претседателот на државата во интервју за Цивилмедија и премиерот во два наврати по повод празникот и мислам дека е добро објаснето во што е разликата меѓу амнестијата и намалување на казните со зголемената (олеснета можност) за одземање на имотот на „крупните зверки“ во правосудниот процес.

Онака како што тие колешки ги внесоа елементите на иронијата во ретортите на нивната лабораторија ќе излезе дека тие посакуваат да повредат некого во стилот „сети се снао“, демек да не одат кон некого повисоко и со поголема одговорност. Или ќе да е заради нејзиното учество во работата на телото кое го изготви предлогот за измена на Уставот, што наскоро, се надевам дека ќе го изгласа и власта и опозицијата (целосно или преку свои претставници – парламентарци).

Споредбата на Правниот на УКИМ со оној на Мерко просто е депласирана. Моежеле тие колешки да прават споредби, предлагам, со Правниот на штипскиот Универзитет, имајќи го во предвид свежото носење на транспарент пред Владата на професорот по римско право Апасиев. Дали некој навистина би го дал своето дете да студира на овој факултет ако таму треба да му предава овој држач на бесрамни плакати?: Доволно нели ако веќе се прават злобни споредби…

Фејсбук статус на Љубомир Костовски