„Tribunus Civilis“: Владејачката партија осудена за рушење на уставниот поредок

0
1119

Членовите на владејачката партија и нејзиниот лидер, во форма на злосторничко здружување влијаеле врз судството и го погазиле уставниот поредок на земјата и независното судство, пресуди денеска граѓанскиот суд Трибунус Цивилис, објави Нова.

Иако овој граѓански суд нема никакви правни ингеренции, тој е симболично формиран од граѓаните, со цел правдата да добие минимум видливост во ова општество објаснуваат оттаму.

Главниот судија Трендафил Ивановски ги уважи доказите на обвинителот Ѓунер Исмаил во форма на аудио разговори на високи претставници на владејачката партија во кои се слушна за договарање на кадри, прераспределување и вработување по партиски список во судството.

– Обвинетите лидерот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и таа самата како злосторничко здружение виновни се затоа што ја укинаа можноста за правда, го уништија правораздавањето, ги погазија темелните вредности на уставниот поредок, а особено на државната власт и независноста на судството во обид преку антиуставен и антидемократски заговор да востановат авторитарен политички режим. Обвинетите се осудуваат за предавство на демократијата на човековите права и за рушење на уставниот поредок на Република Македонија – рече Ивановски соопштувајќи ја пресудата.