ЕПСКИ СТАТУС НА ТРИЧКО ЗА СИНДРОМОТ НА ТАСЕТА

0
1190

Синдромот на Тасета

Добро, знае ли некој која мила од Сашкота има направено вакво говедо.
Црквата?
Неееее!
Ману?
Нееее!
Театарот?
Нееее!
Школата?
Нееее!
Семејството?
Нееее!

Нема такви попови и манастири, академици, професори, режисери и родители, макар што во генерална смисла за сите имам многу лошо мислење.

Немало такви Мили.
Или, можеби, сепак, има(ло).
Синот на Тасета е хомоидна мутација кај која лудоста се буди на околу 40 години.

Синдром на Тасета.
Спиечка будала на која телефонот и ѕвони за време на прославата на 40. роденден.
“Време е”, му вика непознат глас од другиот крај на линијата.

И Сашо поблесавува.
Скроз на скроз.
Средината секогаш е фрапирана од фактот што еден возрасен човек одеднаш побудалува, почнува да моча во гаќи и да сере на масата за ручавање. Или на зелените клупи во паркот. Да си става скршени шишиња во газот, да пуши откај жарта, да пие прегорено масло од комбајните во огромни количества, да се рола во увијач, да пишува статуси така што ќе повраќа врз тапетите на својот ѕид, да излегува со листови кисела зелка околу гениталиите.

Проблемот е во тоа што го користи времето кое на луѓето им е потребно за да си признаат дека има голема разлика меѓу нормалниот и лудиот Сашо, макар што во медицинска смисла тој никогаш не бил нормален.
Бил само малку помалку болен.
Мила требало да ги воспита македонските жени да не раѓаат пред да се роди тој.

Хахаха!
Штета што не била во можност.
Сега е потребен нов инженеринг преку кој ваквите феномени, кои се намножија во инкубаторите на блесавата партиска политика и на медиумската акушерија, да ги отстраниме од јавниот простор.

Тоа ќе биде сосема доволно.

Фејсбук статус на Бранко Тричковски.