ДУИ прогласи победа во Тетово, Кичево, Сарај, во Чаир се слави со огнено оружје

0
742
Портпаролот на ДУИ Бујар Османи предмалку изјави дека по 50 отсто обработени податоци ДУИ води убедливо во Тетово, Чаир, Сарај, Дебар, Кичево…

-Убедлива победа на ДУИ почнувајќи од Тетово со голема разлика и тоа на сите гласачки места. Победа во Сарај, Кичево, Теарце, Битола, Преспа, Сопшиште и каде се уште не – изјави на прес конференција Османи.

Паралелно со тоа, градоначалникот на Чаир од редовите на ДУИ Висар Ганиу на фејсбук сподели видео од славјето на интегративците во оваа општина, на кое се слушаат и рафали од огнено оружје.