ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА НА ГРАД СКОПЈЕ ИМ ГО ЧЕСТИТА ДЕНЕШНИОТ ПРАЗНИК СВ.ТРИФУН НА СИТЕ ВЕРНИЦИ

0
286

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска присуствуваше на чинот на закројување лозје кај црквата Св.„Трифун“ во с. Кучково по повод истоимениот православен празник.,,По повод христијанскиот празник Св. Труфун, денеска присуствувавме на традиционалното закројување на лозови насади, кој се чествува во скопското село Кучково, во манастриот посветен на големиот маченик и исцелител.На сите верници сакам да им го честитам денешниот празник Св.Трифун, а на лозаропроизводителите и градинарите, како и на сите граѓани да им посакам среќна, бериќетна и плодна година исполнета со здравје” , вели Арсовска на својата Фејсбук страна.