(ВИДЕО) ЈОВАНОСКИ: РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ ПРИЛЕП – ГРАДСКО Е ПРООДЕН, СЕ ПОЈАВУВА ПОЖАР КАЈ СЕЛАТА ТОПЛИЦА И РАКЛЕ НО ТЕРЕНСКИТЕ ЕКИПИ ГО ГАСАТ НО ПРОБЛЕМ Е КАЈ СМОЛАНИ КАДЕ ИМА НИСКОСТЕБЛЕСТА ШУМА И Е ПОБАРАНА ВОЗДУШНА ПОДДРШКА

0
834
Општинскиот кризен штаб е во постојана комуникација со Центарот за управување
со кризи, дирекцијата за заштита и спасување и со командирот на ТППЕ кој
управува со сите единици со армијата, со припадниците на македонски шуми и
јавните комунални претпријатија, ова го посочи градоначалникот Илија Јованоски
при денешната изјава за медиумите.

“Во овој момент можам да кажам дека пожарот што беше на потег Топлица е
локализиран за среќа и регионалниот пат Прилеп- Градско е прооден повремено
се појавува пожар околу селата Топлица и Ракле, но теренскиве екипи го гаснат.
Како проблем го гледам пожарот кај Смолани кај што гори нискостеблеста шума и
многу блиску е до боровата шума која во секој момент се очекува во зависнот од силината на ветрот да го зафати и тој дел. Токму затоа побаравме воздушна поддршка, јас разговарав со директорот на Центарот за управување со кризи и ми беше кажано дека во овој момент не се во можност да обезбедат воздушна поддршка зошто градовите Делчево и Пехчево каде е огнената стихија голема, има поголема потреба од воздушна поддршка“, изјави градоначалникот Илија Јованоски.
Тој исто така посочи дека во моментот се приклучуваат и луѓе кои ќе можат да
гаснат пожар со грбни пумпи (напртњачи), а исто така барањето упатено до
Центарот за управување со кризи останува отворено. Градоначалникот Јованоски
е во постојан контакт со сите одговорни и вкучени единици во екот на справување
со пожарите.