МВР ПРИВЕДЕ УШТЕ ЕДЕН ПИРОМАН, ЗНАЧИ ВКУПНО ПЕТТИ ПИРОМАН

0
1458

На 05.08.2021 во 19.05 часот, во врска со пожарот во с.Добридол, гостиварско, кој е локализиран, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.Б.(34) од истото село.

Поради постоење  основано сомение дека го предизвикал пожарот, Н.Б. е приведен и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Ова е петто приведено лице во врска со сомненија за предизвикување пожар во последниве три дена.

Во текот на денешниот ден беа приведени по едно лице за пожарите во прилепско и радовишко, вчера за пожар во ресенско, а на 04.08.2021 беше лишен од слобода албански државјанин за пожарот над с.Пожаране, Општина Врапчиште. Во меѓувреме полициски службеници постапуваат и во врска со двете осомничени лица за пожарот кај Блаце и во координација со Јавен обвинител за пожарот кај Старо Нагоричане.