РЕЖИМОТ ВО ВЕНЕЦУЕЛА УПЛАШЕН ДЕКА ЌЕ ПАДНЕ, ИСПУМПУВАЛ ПАРИ ПРЕКУ ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, НАРОДНА БАНКА НАРЕДИЛА ТОА ДА СЕ СОПРЕ : МИЛИОНИ ЕВРА ОД ВЕНЕЦУЕЛА ПОД САНКЦИИ СЕ СЛЕВАЛЕ ВО МАКЕДОНИЈА ПРЕКУ ЕУРОСТАНДАРД

0
907

Во Македонија преку Еуростандард пристигнувале пари од Венецуела, која со години ја води автократскиот режим на Николас Мадуро и е под финансиски санкции. Податокот стои во извештајот за пропаѓањето на Еуростандард изготвен по нарачка на Трифун Костовски. Од 110 милиони евра, 10 наводно завршиле како кредити за омилените клиенти во Еуростандард. Една година пред стечајот на Еуростандард, управниот одбор дури и барал заем од Венецуела за да се изврши рекапиталзиација на банката која пропадна во 2020-тата.

Од Венецуела, чии функционери со години се под финансиски санкции, во 2019-та во Македонија пристигнале 110 милиони евра.

Биле уплаќани преку нерезидентна сметка во Еуростандард банка. Првите трансакции почнале да стигаат на почетокот на 2019-та кога во Венецуела имаше долги и крвави протести против автократскиот режим на Мадуро.

На венецуелскиот диктатор и на неговите соработници им беа наметнати дополнителни финансиски санкции, но тие ги пробиваат преку повеќе балкански држави меѓу кои и Македонија. Банката за влез на парите е Еуростандард, а по трансакциите на милионите, финансиското разузнавање е алармирано и почнува постапка.

Истото се случува и во соседните држави. Во 2019-та беа откриени повеќе сметки на политичари од Венецуела кои префрлиле пари во швајцарски банки преку трети земји. Засега нема податок дали и „македонските“ пари стигнати од Каракас се траснферирале во Швајцарија.

Делот за парите стои и во извештајот кој го презентираше вчера Трифун Костовски и група експерти меѓу кои и словенецот Драго Кос.

ИЗВАДОК ОД ИЗВЕШТАЈОТ НА Р.У.Р.

Во првите три квартали на 2019 година, клиенти од Венецуела биле ангажирани во трансакции во вредност од 110 милиони евра, од кои 10 милиони евра биле дадени во форма на заеми на најекспонираните клиенти во Еуростандард банка.

По налог на Народната банка во август 2019-та, банката на Трифун Костовски требало и почнала да ги затвора бизнис релациите со нерезидентни клиенти кои се сомнителни за перење на пари.

Извештајот тврди дека 10 милиони евра завршиле како кредити на „омилени“ клиенти, но не се наведени ниту индициите за тоа тврдење ниту пак се спомнати фирмите.

Телма контактираше со двајцата стечајни управници на Еуростандард, но и двајцата рекоа дека за такви информации не може да споделат сознанија и дека за контакт со Финансиско разузнавање има посебен вработен во Еуростандард кој поседува и сертификат за државна тајна. Венецуела е спомната уште еднаш во извештајот на РУР, спасувањето на Еуростандард во летото 2019-та требало да се изведе со заем од оваа јужноамериканска држава.

ИЗВАДОК ОД ИЗВЕШТАЈОТ НА Р.У.Р.

Николче Петковски, претседател на Управниот одбор (на Еуростандард) отпатува во Венецуела да преговара за заем од 17 милиони евра на фирмата ГОФИ, пари кои требаше да се употребат за рекапитализација на Еуростандард. Тој не успеа да обезбеди пари.

Веднаш по неуспешниот пат во Венецуела на Петковски, според извештајот менаџерите во Еуростандард почнале да ги повлекуваат парите од своите сметки во матичната банка, по што следувало и извлекување на влогови на други штедачи и клиенти.

Ова наведува на заклучок дека од парите од Венецуела не останало ништо, односно дека веќе биле префрлени во странство, додека за дел постои тврдење во извештајот дека е даден за кредити во државата.