Директорот на ООУ Илинден од Кр.Паланка за печалбари, членови на Дпмне: Треба да расчистиме со ваква боранија, да не смета овде.
Откако повикуваа на расчистување со опозиционери со соросоиди и со какви ли уште не, сега одредени функционери на власта почнаа јавно да се закануваат кон нивното членство кое собрало храброст да си ги каже маките и лагите кои ги трпеле сиве овие години.
Збудалеа, им се ближи крајот, ќе се затвори вентилот од кој користеа огромни привилегии, местеа тендери и од потпросечно ситуирани само за неколку години се натоварија со тешки пари, старите автомобили ги заменија со ликсузни мерцедеси, реновираа куќи, купуваа станови во Скопје.
Знаат дека тоа не го имаат стекнато на легален начин и се плашат дека со сепоевидентната смена на власта која ќе се случи за неколку месеци, ќе има чешлање на се што потпишувале. Затоа е и ова неконтролирано однесување и тоа врз своите сопартијци кои за разлика од нив со години чекаат само едно вработување и ништо друго.