РИСТО НИКОВСКИ : ИДЕЈАТА ЗА РЕФЕРЕНДУМ Е МНОГУ РИЗИЧЕН ПОТЕГ, НЕМА НИКАКВИ ШАНСИ НА РЕФЕРЕНДУМОТ ДА ИЗЛЕЗАТ ПОТРЕБНИТЕ 900 ИЛЈАДИ ГЛАСАЧИ

0
1334

Ако во кожа на Македонците без нашите комшии, Албанците, не треба да има никакви дилеми дека референдумот – ќе успееше! Сите ќе излезеа, и ќе гласаа – за поништување на договорот, којшто носи само порази. Веројатно, ќе беа и преку милион. Тие се свесни за својата нација, и се гордеат со неа. Кога се работи за националното, кај нив нема партии и други ситници. Повеќе пати сме се увериле дека е така. Кога се борат за власт, без никакви скрупули, и албанските партии се гледаат преку нишан. Арно ама, кога се работи за националните интереси, сите се единствени.

Одлуката за референдум е и крајно ризична бидејќи општеството е длабоко поделено. Кај Македонците, доминираат личните и партиските интереси, пизмата и љубомората, а политичките ривали, повеќе се мразат меѓусебно отколку што ги почитуваат државните и национални интереси.

Доколку сите политички сили или, барем, сите македонски, не се со исти ставови, нема ниту теоретски можности за успешен референдум. Случајот од далечната 1991, кога тема беше самостојноста, беше и ќе остане единствен позитивен случај. Нема никакви шанси на референдумот да излезат потребните 900 илјади гласачи. Затоа, се поставува клучното прашањето – а, што потоа? Неуспешниот референдум ќе покаже дека поголемиот дел од населението не е против договорот за (не)пријателство. И, што ќе правиме тогаш? Ќе доживееме нов, тежок, историски неуспех.

Во меѓувреме, веднаш треба да се започне иницијатива за промена на законот за референдум: колку и да излезат, мнозинството одлучува.

Целата колумна на Плусинфо.МК