Американската војска за две години ќе има вистински Iron Man оклоп

0
1374

Американската војска работи на своја верзија на заштитен оклоп со кој би се зголемила безбедноста на војниците, а истовремено ќе им се овозможи поголема сила и можност да носат повеќе опрема.

talos

Министерството за одбрана на САД за две години ќе го открие оделото познато како Talos или Tactical Light Operator Suit, кое ќе може да одбива куршуми, да помогне при дигање на тешка опрема и да овозможи проток на кислород со кој би се спасил нечиј живот, пишува Tech Insider. Опремата ќе има 3D аудио состав, вграден компјутерски систем, како и греење или ладење по потреба.