„Недостојно е за еден градоначалник кој својата плата ја зема од парите на тетовчани кој се и Македонци и Албанци и Турци и Срби, Роми и останати, да споделува вакви ставови фаворизирајќи една етничка група. Да го потсетиме градоначалникот Касами дека на таа функција дојде благодарение на поддршката која му ја даде ВМРО-ДПМНЕ, односно со помош на македонските гласови“, велат од СДСМ.Изјавата на Касами ја осудија и ВМРО-ДПМНЕ, кои се коалициски партнери на градоначалникот. Имено благодарени на членството на ВМРО-ДПМНЕ во оваа Општина, Касами го доби мандатот за градоначалник, а мнозинството во Советот го одржува со советниците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Објавата на градоначалникот Касами на неговиот Фејсбук профил оправдано предизвика бура на реакции кај Македонците. Со оваа реакција на неговата објава ние како Општински комитет на ВМРО – ДПМНЕ Тетово сакаме да укажеме дека градоначалникот на Тетово треба да е свесен дека промоцијата на Тетово како центар на една заедница подразбира дискриминација на Македонскиот народ и сите други кои живеат во Тетово. Тоа ние нема да го дозволиме. Тетово за нас е, и секогаш ќе биде срцето на Македонија и никогаш нема да биде центар само на една заедница“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.