СКАНДАЛОЗЕН ФЕЈСБУК СТАТУС НА ТЕТОВСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК : СПОРЕД КАСАМИ НЕ СКОПЈЕ ТУКУ ТЕТОВО Е ГЛАВЕН ГРАД НА АЛБАНЦИТЕ

0
420
Добредојдовте во албанскиот главен град во Северна Македонија!, стои во објава на Фејсбук на тетовскиот градоначалник Билал Касами, на фотографиите со градската управа на Тетово.

Оваа негова објава предизвика реакции на социјалните мрежи. Граѓаните поентираат дека главен град на Македонија е Скопје, без оглед на националноста.

Реагираа и од Либерално демократската партија. Од ЛДП ја осудуваат изјавата на Касами, нарекувајќи ја скандалозна, и порачуваат дека Македонија е мултиетничка држава.

„Во недостаток на идеи и проекти дел од опозициските партии продолжуваат да играат на картата на национализмот и да се обидуваат да ги влошат меѓуетничките односи и да ги разнишаат европските вредности. Либерално-Демократска партија упатува порака дека Македонија е мултиетничка држава и Тетово е и ќе биде мултикултурен град, а не главен град на Албанците“, велат од ЛДП.