Новата влада на СДСМ ќе го реши проблемот со недостиг на гинеколози во повеќе градови во Македонија. Наместо да ги расфрламе парите за тркала и лажен барок, финансиски ќе ги мотивираме постоечките гинеколози да пружаат гинеколошка здравствена услуга во градовите во кои немаат гинеколог, изјави денеска д-р Гоце Чакаровски, претседател на комиисијата на здраство на СДСМ.
– Ова ќе обезбеди решение веднаш, а не како ветувањата на Никола Тодоров, кои нудат решение дури за 6 години. Ако власта навистина се грижеше за здравјето на родилките и новороденчињата, немаше да дозволи во овие 10 години да испушти две генерации гинеколози, па сега на крајот на мандатот да нуди решенија – рече тој.
– СДСМ ќе вложува во на нови специјалисти, но веднаш по доаѓањето на власт финансиски ќе ги мотивира постоечките гинеколози да пружат здраствена заштита во поедини градови. Императив на новата влада ќе биде да се намали смртноста на родилките и новороденчињата во земјата. По 11 декември капитална инвестиција на новата влада на СДСМ ќе биде образование на специјалисти и здравјето на граѓаните. Ќе вложуваме во здравјето на граѓаните а не во гипс и стиропор – порача д-р Чакаровски.