(ВИДЕО) Ордановски: Стравовите на Заев дека ВМРО-ДПМНЕ- ДУИ работат на уривање на изборниот процес се остварливи

0
1599

Стравовите на Зоран Заев дека партнерите ВМРО-ДПМНЕ- ДУИ  работат на уривање на изборниот процес се остварливи, коментираат аналитичарите. На владејачката коалиција и оди во прилог хаотична ситуација во која може да ги контролира сите институции ама не и СЈО, смета аналитичарот Сашо Ордановски.

Од друга страна аналитичарот Сашо Клековски писмото на Заев до странците го толкува како своевиден притисок до власта. Но, вели рано е да се калкулира дали ќе се одложат изборите.
Заев вчера испрати писмо до странските амбасадори во кое вели дека политичките опоненти работат против изборите и го злоупотребуваат судскиот систем.
„Натамошната политичка инструментализација на Уставниот суд и неговото неизјаснување за уставноста на Законот за СЈО, може да предизвика темелна деструкција на политичкиот процес и очекувањата за демократска разврска на постојните политички конфронтации“.
Од ВМРО-ДПМНЕ  денеска му одговорија дека се жали по амбасади бидејќи знае дека ќе изгуби на изборите.
„Не може да му се виновни судовите што Катица Јанева не може да му ги испорача политичките нарачки. Не може судовите да се виновни што Катица Јанева за година дена не успеа ни да ги научи делата што му се ставаат на товар во случајот Пуч“.
И двете партии имаат различни интереси, а штетата на крај ја поднесуваат само граѓаните, велат аналитичарите.
„Судирот на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ им е различен, во однос на правната и изборната разврска на политичката криза. Нормално дека на ВМРО-ДПМНЕ смета дека со одлагање на правната разврска си ги зголемува шансите при изборната разврска и обратно. Премногу од двете страни се тактизира и се загрозува севкупниот процес“, смета Сашо Клековски.
Предвремените парламентарни избори два пати беа закажани па одложувани, прво за 24 април, а потоа за 5ти јуни.  Партиите во Пржино на 31 август се согласија дека сите услови кои беа предвидени во договорот од јули се исполнети и избори може да се одржат на 11 декември.


BELOVSKA IZBORI I ANALITICARI 24 09 by 24vesti

Извор: 24вести