СПАСОВСКИ : ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ТРЕБА ДА ИМА ДОСТОИНСТВЕНО ЧЕСТВУВАЊЕ, А НЕ ПОЛИТИЧКО

0
334

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на прашањето дека е забележано големо присуство на полиција во црквата Свети Спас и во дворот каде што се наоѓа гробот на Гоце Делчев, според реакциите дали се создава слика, чествувањето да наликува на политички настан , тој одговори дека не може да стане збор за никакво политичко чествување.

– Најважно е да направиме добра организација и да имаме чествување како што му доликува на Гоце Делчев и мислам дека во ниту еден случај не може да стане збор за никакво политичко чествување, рече Спасовски.  Додаде дека Гоце Делчев е лик, великан на Македонскиот народ.