Бугарскиот новинар Коритаров му приреди непријатно изненадување на бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, кој често е актуелен во македонската јавност со неговите изјави поврзани со договорот за добрососедство и блокадата на Бугарија на патот на Македонија кон ЕУ.
Коритаров го праша Ковачев дали не знае дека Бугарија била фашистички окупатор во Втората Светска Војна. Европратеникот се обиде да го избегне одговорот на ова прашање а не кажа ниту дали има некој во Европа кој може да ја разбере актуелната позиција на Бугарија.