Осма седница на Главен штаб за управување со кризи при ЦУК, од прогласувањето кризна состојба, преку видеоконференциска интернет врска

0
891

Денеска, во Центарот за управување со кризи (понеделник 21.12.2020 година), беше одржана осма седница на Главниот штаб за управување со кризи (од прогласувањето кризна состојба) преку видеоконференциска интернет врска. Со Штабот, којшто е оперативно стручно тело што раководи и координира со активностите за превенција и управување со кризни ситуации, раководеше, в.д., директорот на Центарот, Стојанче Ангелов.

На седницата учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи, СУК, назначени согласно и Законот за управување со кризи и дел од стручните лица од ЦУК. Беа разгледани и надоградени преземените мерки и определени досегашни активности на институциите, согласно Акцискиот план, што има за цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CoV-2“, заштита на здравјето и животот на населението. Тоа се настојува да се извршува преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационално и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, тековно, а и за нареден можен период.

Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а во неговата работата покрај постојаното работење и координириње со Црвениот крст на Р. С. Македонија се вклучени соодветно и други претставници на граѓански организации како надворешни соработници од невладиниот сектор. Тие и самостојно се мобилизира за да се помогне во рамки на можностите во борба против пандемијата во нашата држава. За одбележување е што невладиниот сектор стратешки пројави голема општествена свест и се координира со Центарот за управување со кризи. Неодамна, токму за таа прогресивна заедничка насока, како и што е запозната јавноста, Ангелов информираше за определбите за јакнење на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи со учество на надворешни соработници од невладиниот сектор, што е проширување на фронтот за борба против пандемијата на оптимално организирана линија и со невладините организации коишто се значаен ресурс на општеството.