Европратеници од Зелените во посета на Македонија

0
1033

Европратениците од групата на Европските Зелени, Ребека Хармс, од Германија, координаторка на групата на зелените во Европскиот парламент и Игор Шолтес  од Словенија, од денеска престојуваат во тридневна посета на Македонија.

Посетата е дел од програмата на Европските Зелени  за подршка на зелените партии од Балканот, а домаќин во Македонија е партијата ДОМ.

– Во тек на посетата европратениците ќе се информираат за бегалската криза, ромската заедница и за напредокот на Македонија и иднината на процесот на проширувањето на ЕУ. Предвидени се средби со повеќе институции и невладини организации, соопшти ДОМ.