Бранко Црвенковски по долго време апстинирање од политиката се појави на некаков политички форум во Србија каде проговори за провокацијата на Бугарија кон Северна Македонија во врска со барањата кои се надвор од договорот од Преспа и надвор од секој можен политички аспект или поточно барања кои треба да задоволат само суета на бугарската влада.
Тој на форумот се огласи на српски јазик но потоа проговори и на македонски јазик при што потенцираше дека јазикот на кој говори е јазик кој го говореле сите негови предци и дека вештачка нација е невозможно да се направи како што тоа го тврди Бугарија, дека Северна Македонија е вештачка нација измислена од коминтерната со измислен јазик кој го наметнал Тито.
Се јави и Бог pic.twitter.com/VYBfejHgNm
— ТвитерМК ШТАМПА 🌹📰 (@TviterStampa) June 29, 2021