КУКАВИЧКА ИЗЈАВА НА ПОРТУГАЛИЈА ПРЕД КРАЈОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО СО ЕУ: НИЕ МОРАМЕ ДА ЈА ПОЧИТУВАМЕ БУГАРСКАТА ПОЗИЦИЈА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ПРЕД ДА СЕ ПОЧНАТ ПРЕГОВОРИТЕ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
496

На два дена пред завршувањето на португалското претседателство, официјален Лисабон отворено се наклони кон Бугарија. Министерката за европски прашања на Португалија, Ана Паола Закаријас изјави дека дебатата била особено тешка за Бугарија, нејзиниот јазик и култура.

“Очигледно е поврзано со јазикот на Северна Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји” – изјави Закаријас споменувајќи го португалскиот предлог како можност да се најде компромис меѓу двете засегнати страни.

“Ова е многу тешка дебата, особено за Бугарија, поврзана со историјата, културниот идентитет на двете земји, како и идната соработка. Во моментов, тие работат на нешто како патоказ кој ќе им помогне да работат заедно и Бугарија да има гаранции дека кога Северна Македонија ќе влезе во ЕУ, работите ќе се одвиваат полесно. Северна Македонија помина низ тешки преговори со Грција и го смени името на земјата. Тоа е многу тешко, бидејќи е исто така поврзано со Бугарија како култура и јазик. Очигледно е поврзано со јазикот на Северна Македонија, кој некогаш бил дел од бугарскиот јазик и културните димензии на обете земји” – изјави таа.