ГРАД СКОПЈЕ : ОПРЕМЕН КАБИНЕТ СО КОМПЈУТЕРИ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ОПШТИНА САРАЈ

0
496

Град Скопје започнува низа проекти за младите со цел овозможување квалитетни можности за младите, меѓуетничка интеграција на младите во образованието, зајакнување на компетенциите и учеството на младите луѓе во креирањето политики, како и поттикнување на младински претприемачки вештини.

Во средното училиште на Град Скопје „Сарај“ опремивме нов кабинет со преносни компјутери, каде се обезбедува современа и квалитетна настава за учениците. Со градоначалникот на општина Сарај Блерим Беџети, го посетивме и Центарот на младинската заедница во рамки на училиштето кој го координира Незране Рустеми, како простор за воншколски активности за младите од Сарај.

СООПШТЕНИЕ 01.02.2023