ЗАЕВ, РАМА И ВУЧИЌ ИСПРАТИЈА ЗАЕДНИЧКА ИЗЈАВА: ЕУ ДА ГИ ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊАТА КОН ЗАПАДНИОТ БАЛКАН

0
810

“Од Балканот упатуваме уште една силна порака до Европската унија да го испорача она што го вети, а не да остане на празни зборови” – во заедничка изјава порачаа албанскиот премиер Еди Рама, македонскиот премиер Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната видео конференција. Трите земји остануваат посветени на патот кон Еевропската унија и на регионалната соработка.

“Денеска се состанавме за да разговараме за натамошните чекори за нашата регионална соработка како витален пат напред за нашите земји, за Западен Балкан, за Европа и европскиот пат како целина. Нашите земји се дел од Европа и секогаш ќе бидат. На земјите од Западен Балкан им е потребна ЕУ колку што ѝ се тие потребни на ЕУ” – се вели во изјавата.

Неуспехот на ЕУ да ги исполни своите ветувања и неможноста да се движи напред со отворање на првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, оди против европската волја на нашите земји и против интересите на самата ЕУ.