Анима Мунди: Мали волци се препродаваат преку огласи

0
1274

Анима Мунди алармира дека на диво се препродаваат мали волци преку огласи.

„Нелегална трговија со диви животни во Македонија никако не запира, при што животните се одзeмаат од нивната природна средина, се уништуваат легла, семејства, се осудуваат на заробеништво, страв, страдање, смрт – за што сведочат голем број огласи во електронските медиуми, а во овој случај евидентираме препродажба на мали волци“, се наведува во соопштението на Анима Мунди.

За овие случаи се информирани Инспекторот за ловство и Агенцијата за храна и ветеринарсто.

„Само суров човек може да ги одземе овие волкчиња од мајка, свесен дека сами не можат да преживеат, дека ги осудува на мачење и смрт! Ве замолуваме Вас да ни помогнете во заложбите овие волци да не завршат како експонати, играчки или жртви, како и никако да не биде вратени во ловиште, зашто во услови кога е одземен од човек, тие не можат да функционираат самостојно, како животни кои се родени и растени на слобода. Потенцираме, волците најчесто се мачат за учење на кучиња за лов, за напаѓање, за борби. Со нив се постапува неописливо сурово и им претстои ужасна смрт. Имаме информација дека продавачот на волци од Зелениково имал цело легло, 7 малечки кои се продавани. Кога малку ќе потпораснат на волците им се пуштаат ловџиски кучиња, а неретко се користат за расплод и вкрстување кучиња за борби“, се наведува во соопштението на Анима Мунди.

Оттаму нагласуваат дека дури и да се спасат овие доколку волчињата само се одземат и вратат на ловиште веднаш ќе бидат усмртени, како лесен плен за отстрел, питоми, без шанса да преживеат. Од Анима Мунди нудат помош во нивна понатамошна грижа, ресоцијализација и повраток во природната средина и бараат да бидат вклучени и контактирани за овие животни да се спасат.

„Бараме итно одземање на животните од профитерите и нивно казнување согласно Законот за заштита и благосостојба и Законот за лов, за мачење и незаконско поседување и продажба. Целта ни е не само во иднина да бидат превенирани ваквите нелегални дејствија, туку и конкретно да се помогне и да се заштитат животите на овие животни – како и останатите кои се во иста состојба“, се додава во соопштението на Анима Мунди.