Успешна акција на Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат за која дадов силна поддршка, како координатор на надлежните антикорупциски институции.
Запленет е необработен тутун, незаконски пуштен во продажба, со што е извршено прекршување на законите и поттикната е недозволена трговија.
Против правните лица е поднесена кривична пријава за избегнување на плаќање акциза, за оштетување на буџетот од над 4,7 милиони евра.
Избегнувањето на плаќање на давачки како што е неплаќањето акциза, е еден од ризичните фактори за корупција при увозот и извозот на стоки, кои сериозно го оштетуваат граѓанскиот буџет.
Ги охрабрувам надлежните институции да ги продолжат и интензивираат акциите.
Нема да дозволиме никој да профитира на грбот на граѓаните, тутунопроизводителите, и на компаниите кои чесно, законски работат и ги плаќаат давачките кон државата.