Политичките стаорци излегоа на виделина, а ние чистејќи ги улиците ќе почнеме да ги чистиме и нив, истакна на денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
-Мафијашки структури веќе неколку дена ја блокираат работата на КХС поради лични интереси. Се работи за лица кои 15 години работеле само трета смена спротивно на закон и колективен договор, голем дел од нив воопшто не се појавувале на работа и не ги извршувале своите работни обврски. Сега истите не дозволуваат сите останати 1300 вработени да ја извршуваат работата.
Иако нема законски најавен штрајк и не се вработени тие извршија мафијашка блокада, морам да констатаирам дека директорката Мазнева беше во право кога кажа сека граѓаните ќе трпат од ваквата блокада и дека “стаорци ќе се појават по улиците”.
Погледнете ги овие полиитчки стаорци кои излегоа на улиците, вчера ниту институциите не можеа да реагираат и тоа е доказ дека правната држава не функционира.
Кризниот штаб на претпријатијата на Град Скопје е активен и веќе се нормализира состојбата, вработените веќе се на терен и се надвеаме дека од утре КХС ќе работи во полн капацитет.
Ваквите политичари се најголемо ѓубре!
Ние вечерва со чистењето на улиците ќе почнеме со чистењето на ѓубрето да ги чистиме и нив, истакна Арсовска.
Дополнитечно градоначалничката покажа список на враотени во претпријатието, кои каок што кажа, се од исто семејство кое се вработило таму до трето колено, а сега ја опструира работата на КХС.