Прес-конференција на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ носител на изборна единица 4.
Така што навистина еден центар кој морам да признаам и нема да е нескромно и поголеми општини дури и скопски општини не можат да си го дозволат и да го замислат така што градоначалник честитки уште еднаш прво за замислата, па после тоа и реализацијата на овој проект.
Така што овие проекти покажуваат дека може да се менуваат работите, ние од тука ќе одиме и во Ношпал и во Општина Новаци подоцна да посетиме и таму работи кои се работат.
Градоначалниците кои беа предложени од ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека со скромните средства што ги имаат можат да се менуваат работите. Нашата идеја е после парламентарните избори, а тоа ќе е веќе уште ова лето да го децентрализираме буџетот и да спуштаме секоја година по 250 милиони евра до општините во Македонија без разлика кој е градоначалник од која политичка партија итн., формулата е многу едноставна, број на жители плус економска активност ќе определува колку средства ќе доаѓаат во општината. Конкретно за Општина Могила некаде ќе се движи околу 4,5-5 милиони евра во еден инвестициски циклус од четири години што ќе треба да ги затвори најкрупните прашања тука како после 4 години не би зборувале за основните потреби на граѓаните.\
Тоа сметам дека е вонредно значајно затоа што досега никој не внимаваше на децентрализацијата, па вака сите политичари сме ја споменувале, но на крајот на денот децентрализација е финансии или ќе ги имате или ги немате и мислам дека со ова што го предвидуваме многу ќе се забрза локалниот развој. Се им е битно жителите, но најбитно им е во местото каде живеат да имаат уреден простор.