АРСОВСКА : ПОЛИТИЧКИТЕ СТАОРЦИ ИЗЛЕГОА НА ВИДЕЛИНА, ПОЛИТИЧАРИТЕ КАКО МИЦКОСКИ СЕ НАЈГОЛЕМО ЃУБРЕ И ШТЕТА ЗА ГРАЃАНИТЕ

0
683

Политичките стаорци излегоа на виделина, а ние чистејќи ги улиците ќе почнеме да ги чистиме и нив, истакна на денешната прес-конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Мафијашки структури веќе неколку дена ја блокираат работата на КХС поради лични интереси. Се работи за лица кои 15 години работеле само трета смена спротивно на закон и колективен договор, голем дел од нив воопшто не се појавувале на работа и не ги извршувале своите работни обврски. Сега истите не дозволуваат сите останати 1300 вработени да ја извршуваат работата.

Иако нема законски најавен штрајк и не се вработени тие извршија мафијашка блокада, морам да констатаирам дека директорката Мазнева беше во право кога кажа сека граѓаните ќе трпат од ваквата блокада и дека “стаорци ќе се појават по улиците”.

Погледнете ги овие полиитчки стаорци кои излегоа на улиците, вчера ниту институциите не можеа да реагираат и тоа е доказ дека правната држава не функционира.

Кризниот штаб на претпријатијата на Град Скопје е активен и веќе се нормализира состојбата, вработените веќе се на терен и се надвеаме дека од утре КХС ќе работи во полн капацитет.

Сакам да му порачам на Хриситјан Мицоски дека е разобличен вечерва затоа што бескрупулозно создава проблеми за граѓаните кои сака да прикаже дека тој ги решава.

Ваквите политичари се најголемо ѓубре!

Ние вечерва со чистењето на улиците ќе почнеме со чистењето на ѓубрето да ги чистиме и нив, истакна Арсовска.

Дополнитечно градоначалничката покажа список на враотени во претпријатието, кои каок што кажа, се од исто семејство кое се вработило таму до трето колено, а сега ја опструира работата на КХС.