БИОГАСНА ЕЛЕКТРАНА ПРОИЗВЕДУВА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ОТПАДОТ ОД ФАРМИТЕ ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА

0
548

Електраната која почна со работа минатата година во декември е инвестиција на компаниите „Централ инвест“ и „Феро инвест“ на бизнисменот Кочо Анѓушев.Електраната се градеше две години, а инвестицијата е 12 милиони евра и годишно произведува 17 илјади киловат часови струја.

Станува збор за електрана од последната генерација со најмодерна инсталирана технологија која има висока ефикасност, ефективност и максимална производствена моќ.Новинарите освен електраната ја посетија и компанијата Брако исто така во сопственост на Анѓушев, каде македонски инжињери со најсовремени машини во 4 фабрики меѓудругото се произведуваат електрични дизал и хидрогенски возила за чистење, а 95% од производството се извезува надвор од Македонија.