ВЕЧЕРВА ЌЕ ИМА ГОЛЕМА ФЕШТА И ЖУРКА ВО ГАЗИ БАБА : Втора година по ред се одржува манифестацијата “Вкуси ја Гази Баба – Вкус за сите генерации” со концерти на големи музички ѕвезди до 23 часот!

0
1217

Чест ми е што ја отворив манифестацијата “Вкуси ја Гази Баба – Вкус за сите генерации” која ја спроведуваме втора година по ред. Среќен сум што внесуваме еден нов, урбан и модерен концепт на организирање на културни настани во нашата општина.

Граѓаните имаат можност да уживаат во производите на компаниите кои се наоѓаат на наша територија, да вкусат пијалаци и одлична храна која ќе биде подготвена од лидерите во кулинарството кај нас.

Жителите ќе можат да слушнат и едукативни совети од врвни стручни лица за готварството и здравата храна.
Нудиме и одлична музичка програма. Стартувавме со еден од најдобрите ди џеи кај нас, Dj Боби, потоа следува и забава за најмладите со Златните Славејчиња, Екстра бенд, Александар Митевски и Драган Спасов Дац, продолжуваме со Влатко Лозаноски и завршуваме со Брас Брадрс.

Целта е компаниите да ги презентираат своите услови, своите производи, а со тоа да бидат што подостапни и поблиску до граѓаните.

Имајте убава вечер.

Фејсбук статус на Борче Георгиевски, градоначалник на општина Гази Баба.