Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на својата Фејсбук страница го објави следниот статус:
„По многу години вечерва сум во Дневникот на режимската телевизија Сител, од 19 часот“.
Заев претходно гостуваше во вестите на Канал 5 телевизија, а ова интервју личеше на жесток дуел помеѓу него и главната уредничка Лидија Богатинова. Нејасно после ова гостување остана тврдењето на Богатинова дека Заев дошол во Канал 5 оти „било наредено“.
Гостин на Канал 5 беше и техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски од СДСМ, а и тоа интервју помина слично.